штрака | несв.
Произведува, издава остар испрекинат звук (штракот). Таа штракаше со пенкалото. Штрака машината за перење. Тој штрака со вилиците додека јаде. Момчето штрака со забите од нервоза.
штракалка | ж.
Детска играчка, што се употребува и како реквизит за спортско навивање, што произведува специфичен звук. Детето имаше пластична штракалка во две бои. Од трибините се слушаа гласни навивања и силен звук од штракалките.
штракало | ср.
Детска играчка, во минатото се правела од стеблото и од кочанот на пченка; штракалка. Тој правеше штракала од пченка.
штракнат | прид.
Нетокму, налудничав, поместен со умот, чукнат. Штракнато момче.
штракне | св.
Испушти остар, испрекинат звук. Тој штракаше со запалката и си поигруваше со огнот.
штракот | м.
Остар звук што се слуша при работа на некои машини или друг вид предмети. Се слушаа само силни штракоти. Во воздухот проструи еден штракот.
штракоти | несв.
Испушта или прави остар звук проследен со штракот;
штрап! | изв.
За подражавање остар звук што се испушта при некои дејства.
штрапа | несв.
Испушта звук при одење или кога гази по нешто. Таа само штрапа низ ходникот со високите петици. Децата штрапаа по мермерните скали. Штрапаше по снегот и оставаше зад себе трага.
штрапка | повр.
Штрапа по малку или уште малку; Штрапка со патиките по подот. Штрапка со пенкалото. Штрапка со ножиците по платното.