штрапне | св.

Бргу, еднократно изврши дејство при кое се слуша специфичен звук. Штрапна со ножиците. Штрапна со запалката.

штрап-штруп! | изв.

За подражавање остар звук што се испушта при некои дејства, составен од два слични звука што доаѓаат едно по друго, при одење, јадење или при работа со ножици и сл

штрајк | м.

Организиран протест придружен со прекин на работата, одбивање да се извршуваат секојдневните професионални обврски во знак на протест против определени политички структури и социјални состојби. Тие организираа штрајкови низ целата држава. Штрајкот траеше 7 дена. Работнички штрајк. Студентски штрајк. Штрајк на просветните работници.

штрајкбрехер | м.

Лице што одбива да учествува во штрајк на колективот на кој му припаѓа или лице / што за време на штрајк доаѓа како замена за работник што штрајкува.

штрајкува | несв.

Спроведува или организира штрајк, протест; не работи во знак на штрајк, учествува во штрајк. Студентите штрајкуваа. Неколку затвореници штрајкуваа со глад.

штрајкувач | м.

Лице што учествува во штрајк, што организира и спроведува штрајк.

штрајкувачки | прид.

Што се однесува на штрајк и на штрајкувач. Штрајкувачки одбор. Штрајкувачки барања. Штрајкувачки средби.

штрб | прид.

Тој што нема еден или повеќе заби, особено однапред; беззаб. Штрба уста. Штрбава баба. Штрбаво дете.

штрбла | ж.

Беззаба, штрбава жена. Штрблата ги прави сите сплетки.