штрбла | ж.

Беззаба, штрбава жена. Штрблата ги прави сите сплетки.

штрбло | м.

Беззаб, штрбав маж или дете. До неа стоеше пијан штрбло.

штрбне | св.

Откине, открши мало парче од нешто. Таа штрбна од лебот. Штрбна од погачата. Тој штрбна од пластелинот и го протри низ прстите.

штрбол | м.

Поткршен сад (чаша, стомна и сл.) или остар предмет. Со штрболот не може ниту леб да пресече. Пиеше ракија од штрболи, од напукнати бокали.

штрви | несв.

Отстранува полови жлезди, тестиси;

штрек | прил.

Будност, внимателност, обично во фразеолошки изрази – на штрек. Седи на штрек.

штрека | несв.

Предизвикува чувство на остра болка, жега, боде. Главата силно ме штрека. Нешто го штрека во половината. Остра болка ја штрека низ градите.

штрекнат | прид.

Исплашен, вознемирен, потресен. Штрекната жена. Штрекнат соработник.

штрекне | св.

Предизвика чувство на остра болка. Остра болка ме штрекна во градите. Нешто го штрекна во раката.