ѓумрукчија | м.

Цариник.

ѓунделак | м.

Надница, дневница. Измеќарски ѓунделак.

ѓупкин | прид.

Што припаѓа на Ѓупка. Ѓупкини шалвари.

ѓупскомаалец | м.

Што живее во ѓупско, циганско маало. На ширинката пред црквата, општинските метачи, ѓупскомаалци, ја метеа калдрмата.

ѓупчи се | несв.

Станува Ѓуптин.

ѓупштилак | м.

Лошо, недолично однесување.

ѓурултаџија | м.

Тој што крева голема врева. Со „право" или без, ѓурултаџијата се најде меѓу нас.