ѕверка | ж.
ѕвер_1 Никаква трага немаше, ни од човек, ни од ѕверка. Зимувањето во земјанка го принудува човекот многу нешто да научи од ѕверките.
ѕверски | прид.
Што му припаѓа, што се однесува на ѕвер. Ѕверско легало. Ѕверски канџи.
ѕверство | ср.
Нечовечна, свирепа постапка. Повеќе жени биле жртви на неговото ѕверство. Фашистички ѕверства. Тие вршеле ѕверства над беспомошните деца.
ѕвечалка | ж.
Детска играчка што ѕвечи. На детето му падна ѕвечалката од рака. Пластични ѕвечалки.
ѕвечало | ср.
ѕвечарка | ж.
Отровна змија со рожести прстени на крајот на опашката коишто ѕвечат при движење; Crotalus horridus.
ѕвечи | несв.
Издава метален звук, звук од стакло и сл. Ѕвечеа жолтиците на момините гради. Селаните ѕвечеа со вилите. При здравицата ѕвечеа чашите.
ѕвечка | несв.
Ѕвечи со намален интензитет. Синџирот ѕвечка околу вратот на песот. Ѕвечкаат денарите во џебот. Луѓето јадеа и молчеа, ѕвечкаа само лажиците.
ѕвечка | и.
ѕвечалка.
ѕвечкав | прид.
Што ѕвечка, што има својство да ѕвечка. Ѕвечкав појас. Ѕвечкави ниски.