ѕвечлив | прид.
Што ѕвечи, што има својство да ѕвечи. Ѕвечлив глас. Ѕвечлива детска песна.
ѕвизак | м.
Двегодишен овен.
ѕвизне | св.
Силно удри, ѕвекне, перне. Тој му ѕвизна шлаканица на детето. Го ѕвизна коњот в плеќи.
ѕвиска | несв.
За коњ - испушта пискав глас; пискаво 'ржи, вижди, вишти. Коњот ѕвискаше пред зајдисонце. Коњите ѕвискаа вознемирено.
ѕвиска | ж.
Двегодишна овца. На една страна старите молзници, на другата страна ѕвиските.
ѕвисне | св.
Ѕвисна коњот на ливадата.
ѕвон | м.
Звук од ѕвоно, од камбана; звук добиен со удар на метал, стакло и сл.; ѕвек. Екнува ѕвон од камбаната. Се слуша ѕвонот од блиските трла. Долготраен ѕвон е знак за училиштен одмор. Празните чаши се најдоа на подот со ѕвон на скршено стакло.
ѕвонар | м.
Тој што го бие ѕвоното, камбаната; камбанар. Тој беше ѕвонар на црковната камбана и клисар.
ѕвонарки | и.
Дел од облеката, панталони со широки ногавици во вид на ѕвоно.
ѕвонец | м.
Метална крушовидна направа со подвижно јазиче која служи за ѕвонење. Ѕвонецот рамномерно ѕвонеше. Продавач на ѕвонци. Бијат училишните ѕвонци и црковните камбани.