ѕун | м.
Метален ѕун на ѕвончето. Се изгуби ѕунот на клопотарецот.
ѕуни | несв.
Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; ѕвони. Ѕунат црковните камбани. Ѕуни стаклото од малото прозорче. Ѕунат празните чаши.
ѕуница | ж.
(дијал.) виножито, божилак.
ѕунлив | прид.
Што ѕуни, што има својство да ѕуни; Убав, ѕунлив глас. Ѕунливо стакло.
ѕури | несв.
Несвесно гледа во нешто; упорно, без престан гледа во нешто. Старицата ѕуреше во жарта, а мислеше на синот. Седнат под мостот ѕуреше во реката.