ѕвездочатец | м.
Тој што ја чита, што ја претскажува судбината по ѕвездите, астролог. Древни ѕвездочатци, толкувачи на минатото и на иднината.
ѕвездочел | прид.
Што е со ѕвезда, со шара во вид на ѕвезда на челото. Твојот коњ е аџамија, а мојот ѕвездочел.
ѕвек | м.
Звук што настанува со меѓусебно удирање на метални или на стаклени предмети. Ѕвек од мечови. Кристален ѕвек.
ѕвекне | св.
Пушти јак краткотраен, метален звук. Ѕвекна старото резе од портата. Ѕвекнаа чаши во рацете на младите. Ѕвекнаа метални пари на подот.
ѕвекот | м.
Матален ѕвекот. Ѕвекот од стакло. Ѕвекотот на оковите го привлече вниманието на уличните безделници. Се слуша 'рскот, ѕвекот и лелек.
ѕвекоти | несв.
Ѕвечи со зголемен интензитет. Ѕвекотат сабјите. Ѕвекоти ѓерданчето на девојчето.
ѕвер | м.
Големо, диво, крвожедно животно. Рикна ранет ѕвер. Нема никаква трага од ѕвер. Два ѕвера се грабаат за пленот. Луѓето тргнаа во лов на диви ѕверови.
ѕвере | ср.
Го ставија во кафез малечкото ѕвере. Ја сврти пушката кон дивото ѕвере. Му успевало да улови такви ѕвериња повеќе пати во животот.
ѕверилник | м.
Заградено место каде што се чуваат ѕверови. Метална врата со решетки водеше кон ѕверилникот.
ѕвери се | несв.
Гледа бесцелно, празно; гледа долго, втренчено, нападно. Старецот долго седеше и се ѕвереше во затворената врата. Девојчето се ѕвереше во излогот со кукли.