јадосувачка | ж.
Јадран | м.
Јадранско Море | ср.
Море во Европа, го опкружуваат Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
јадрен | прид.
Што се однесува на јадро. Јадрена мембрана. Јадрена материја
јадро | ср.
Средиштен, внатрешен дел од нешто, од некоја целина. Земјино јадро. Атомско јадро.
јадровит | прид.
Суштински, што го содржи најважното.
јадрозрнест | прид.
Што има крупни, јадри зрна. Јадрозрнесто жито.
јадроплоден | прид.
Сорта што има крупни, јадри плодови. Јадроплодни долги пиперки. Јадроплодни широки пиперки.
јадува | несв.
Чувствува јад, жали.
јажар | м.
Лице што изработува јажиња. Тие заедно работеа како јажари.