јадење | ср.

(само едн.) Глаголска именка. Немаше време ни за јадење.

јадец | м.

Чепореста коска кај птиците, под гушата, настаната од двете сраснати клучни коски. Тој секогаш го бараше јадецот од печената кокошка.

јадица | ж.

Дел од риболовна опрема, метална жичка свиткана како кука, со остар врв. Црвчето висеше на јадицата.

јадичар | м.

Риболовец што лови на јадица. Тој е јадичар, лови само на јадица.

јадлив | прид.

Исполнет со јад, со горчина. Тој имаше јадлива насмевка на лицето.

јадовен | прид.

јадовит | прид.

Исполнет со јад, гневен, огорчен, злобен. Неговата забелешка беше јадовита.

јадоса | св.

Создаде некому јад, исполни некого со јад. Таа го јадоса со своето заминување. Нејзините зборови го јадосаа.

јадосан | прид.

Глаголска придавка од јадоса. Тој е јадосан од неправдата што му ја нанесоа.

јадост | ж.

Тој ќе ни ја сфати јадоста.