јажарница | ж.
Работилница во која се изработуваат јажиња. Работеше во јажарницата.
јажарство | ср.
Јажарски занает, занимање на јажарот. Тој долго време се занимаваше со јажарство.
јаже | ср.
Производ од усукани или плетени влакна од коноп или од друг материјал што може да се усукува, со голема должина, со различна дебелина, релативно еластичен. Скока на јаже. Скала од јажиња. Фабрика за јажиња. Бродски јажиња.
јаженица | ж.
Низа од некаков зеленчук нанижан на јаже. Под стреата висеше јаженица лук.
јажица | ж.
Јаже од усукана 'ржена слама што служи за врзување снопови.
јаз | м.
Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода. Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.
јазак | прил.
Срамно, жално. Јазак да ти биде името што го носиш! Јазак, страшливци!
јазач | м.
Тој што се јази.
јазачица | ж.
Растение што се јази. Таа ја искорна ружата јазачица.
јазди | несв.
Пред една чета тој јаздеше на бел коњ. На убавото коњче јаздеше слабичок старец.