јајчалник | м.

Вид јадење, пита со јајца и млеко

јајчар | м.

Тој што продава јајца.

јајчарка | ж.

Жена што продава јајца.

јајчарник | м.

Место каде што се чуваат јајца.

јајчник | м.

Женска парна полова жлезда во која се создаваат и созреваат јајце-клетките.

јак | м.

Крупно говедо, диво или питомо, со изразена грпка и долги влакна, кое живее на Тибет и Памир; Bos grunniens.

јак | прид.

Што има голема сила и енергија, силен, добро развиен. Јаки и длабоки корени. Тој е многу јак.

јака | ж.

Дел од облеката што е зашиен или прикачен за друг дел од облеката околу вратот. Палто со крената јака. Јака од кошула. Крзнена јака. Морнарска јака. Руска јака.

јакија | ж.

Мевлем намачкан на парче платно за лекување на рани кај животни.

јакна | ж.

Горен дел од облека, вид кусо палто. Летна јакна. Есенска јакна. Спортска јакна.