јакне 1 | св.

Офне, лелекне од болка или тага. Ја гризев перницата за да не јакнам.

јакне 2 | несв.

Станува појак, посилен. Детето растеше и јакнеше брзо. Со правилна исхрана и со вежбање мускулите јакнат.

јакнее | несв.

јакобинец | м.

Член на радикалното политичко крило од времето на Француската револуција; револуционер.

јакобинство | ср.

Радикално политичко движење од времето на Француската револуција.

јакост | ж.

Состојба на тоа што е јако кон зн. и 2.

Јакупица | ж.

Планина во Македонија.

јакуцка | ж.

Дел од горна облека (обично од гуња) за покривање на главата; качулка. Ја грабна гуњата и ја стави јакуцката на глава.

јалдаз | м.

Позлата.

јалдазлив | прид.

Што е прекриен со позлата, позлатен.