јали | сврз.

јалнаш | прил.

Погрешно, неточно. Јалнаш си. Јалнаш ме разбра.

јалов | прид.

Што не е плоден. Јалова овца. Јалова земја.

јаловак | м.

Зелени ластари кај виновата лоза што се неродни.

јаловар | м.

Овчар што ги пасе јаловите овци, овните и шилежињата.

јаловен | прид.

јаловина | ж.

Нешто што е неплодно. Секоја година ораше и по десетина бразди бигор и јаловина.

јалови се | несв.

Станува безвреден, пропаѓа. Се јалови работава.

јаловит | прид.

јаловица | ж.

Јалова жена.