јанган | м.
Јангцекјанг | м.
Река во Кина.
јаникара | ж.
Вид заразна болест, црн пришт; антракс. Го фатила јаникара.
јаничар | м.
Војник во османлиската војска, пешадија, формирана од исламизирани христијански заробеници, пополнувана со насилно одземени христијански деца од поробената раја. Го грабнаа од дома и го пратија во Истанбул за јаничар.
јанија | ж.
Вид чорбесто јадење со месо и зеленчук.
јанлаш | прил.
јановденче | ср.
Вид цветно растение со ситни бели цветчиња што цвета на Јанов ден (Иванден), во јули; Galium odoratum.
јанта | ж.
Овчарска кожена торба.
јантар | м.
Скаменета смола од прастари иглолисни дрва, обично проѕирна, со боја од бледожолта до темноцрвена, од која се изработува накит, делови од медицински инструменти и сл.; Прстен со јантар.
јануари | м.
Првиот месец од календарската година; коложег.