јасен | прид.
Сјаен, светол. Јасно сонце. Јасна месечина. Јасен божилак.
јасика | ж.
Листопадно дрво, вид топола, трепетлика; Populus tremula.
јаска | зам.
јасли | и.
Направа во форма на долго корито прицврстено до ѕид, во кое се става добиточна храна. Тој стави сено во јаслите.
јасмин | м.
Грмушесто растение од фамилијата маслинки, со жолти или бели цветови, со многу силен пријатен мирис; Jasminum.
јаснее се | несв.
јасник | м.
Време во зима кога не паѓа снег, небото е јасно, а температурата на воздухот е многу ниска; сув студ. Беше јасник и немаше никого по улиците. Ме изеде јасник.
јаснина | ж.
Јасно, ведро време, ведрина. Предвечерната јаснина најавуваше студена ноќ.
јасни се | несв.
Станува појасен, се разведрува. Времето се јасни. Небото над нас се јаснеше.
јасновиден | прид.
Што е видовит.