јасика | ж.

Листопадно дрво, вид топола, трепетлика; Populus tremula.

јаска | зам.

јасли | и.

Направа во форма на долго корито прицврстено до ѕид, во кое се става добиточна храна. Тој стави сено во јаслите.

јасмин | м.

Грмушесто растение од фамилијата маслинки, со жолти или бели цветови, со многу силен пријатен мирис; Jasminum.

јасни се | несв.

Станува појасен, се разведрува. Времето се јасни. Небото над нас се јаснеше.

јасник | м.

Време во зима кога не паѓа снег, небото е јасно, а температурата на воздухот е многу ниска; сув студ. Беше јасник и немаше никого по улиците. Ме изеде јасник.

јаснина | ж.

Јасно, ведро време, ведрина. Предвечерната јаснина најавуваше студена ноќ.

јасновиден | прид.

Што е видовит.

јасновидец | м.

Тој што има способност да гледа во иднината, што е видовит.