јасновидец | м.
Тој што има способност да гледа во иднината, што е видовит.
јасновидство | ср.
Особеност на тој што е јасновидец.
јаснота | ж.
Особеност на тоа што е јасно; јасност.
јаснотија | ж.
јаспис | м.
Вид минерал со темноцрвена до кафена боја, многу тврд украсен полудраг камен.
јастагач | м.
Вид синија (за месење и сл.).
јастак | м.
перница.
јастелив | прид.
Лице што многу јаде,
јастог | м.
Голем морски рак со десет нозе и со крупни пипала, често приготвуван како скап специјалитет; Homarus gammarus.
јастреб | м.
Граблива птица со кус, малку подвиткан клун и со долги остри нокти; се храни со птици и со ситни цицачи со големина на зајак; Accipiter gentilis.