јајчалник | м.
Вид јадење, пита со јајца и млеко
јајчар | м.
Тој што продава јајца.
јајчарка | ж.
Жена што продава јајца.
јајчарник | м.
Место каде што се чуваат јајца.
јајчник | м.
Женска парна полова жлезда во која се создаваат и созреваат јајце-клетките.
језуит | м.
Јемен | м.
Држава во Азија.
јеменија | ж.
Вид ниски чевли; мокасини. Нивните излитени јемении се влечкаа по калдрмата.
јер | м.
Назив за едниот од редуцираните вокали во старословенскиот јазик, мал ер, кој во современиот јазик преминал во /е/; знак ь.
јереј | м.
Свештеник во православната црква.