јачменов | прид.
Што се однесува на јачмен, што е од јачмен. Јачменови класчиња.
јачменче | ср.
Акутно, гнојно воспаление на лојните жлезди на очниот капак; чирче на очниот капак. Му излезе јачменче.
јачменчок | м.
јашмак | м.
Парче платно што служи за покривање на лицето кај муслиманските жени; фереџе.
јајник | м.
јајце | ср.
(биол.) Женска полова клетка, од која по оплодувањето се развива нов организам; јајце-клетка. Јајчниците содржат ограничен број јајца.
јајцев | прид.
Што се однесува на јајце. Јајцева обвивка.
јајцевиден | прид.
Што има форма на јајце. Јајцевидна глава. Јајцевиден корен.
јајцевод | м.
Дел од женските полови органи, канал низ кој минува јајце-клетката од јајчниците до матката.
јајцест | прид.
Што има форма на јајце