јери | ср.
Назив за една старословенска буква што го означувала гласот 'Дгрлено /и/', кој во современиот јазик се изедначил со /и/; знак ы.
јероѓакон | м.
Посветен ѓакон, калуѓер-ѓакон во православната црква.
јеромонах | м.
Свештеник-калуѓер во православната црква, калуѓер што може да ги врши сите свештенички активности како световниот свештеник. Ракописот го напишал јеромонахот Михаил.
јеромонаштво | ср.
Дејност на јеромонах. На четвртата година од неговото јеромонаштво го назначија на повисоки должности.
Јиланд | м.
Полуостров во Европа, го сочинува Данска.
јог | м.
Човек што живее според системот на јогата. Индиски јог.
јога | ж.
Религиозно-филозофско учење во индиската традиција според кое преку самосовладување и медитирање може да се дојде до соединување на човекот со природата.
јогурт | м.
Вид течен млечен производ, добиен со поткиселување на млекото со помош на определен фермент. Појадуваше бурек со јогурт.
јод | м.
(хем.) Хемиски елемент од групата халогени елементи во цврста состојба со темно-сива боја; знак J. Кристали од јод.
јодоводород | м.
Соединение на јодот и водородот.