јодоформ | м.
Соединение на јод, водород и јаглерод, жолт прав со остар мирис што се става на рани за дезинфекција.
јок | чест.
Одречен одговор; не. Имаш ли некој денар? ‒ Јок, немам ништо.
јок...јок | сврз.
Ниту... ниту. Јок сме му ја газеле тревата, јок сме му ја мателе водата.
Јокохама | ж.
Град во Јапонија.
јон | м.
Атом или атомска група што има помалку (позитивен јон, катјон) или повеќе (негативен јон, анјон) електрони во однос на бројот на протоните во јадрото. Слободни јони. Водородни јони.
Јонец | м.
Припадник на старогрчко племе.
јонизација | ж.
Хемиски процес со кој неутралните честички се претвораат во јони.
јонизира | св. и несв.
Врши јонизација.
Јонско Море | ср.
Море во Европа, го опкружуваат Италија, Албанија и Грција.
јонџа | ж.
Вид детелина. Сееше јонџа за стоката.