јорган | м.
Прошиена дебела прекривка, наполнета со памук или со волна. Дишеше мирно под свилениот јорган.
јорганлак | м.
Лицето, горниот дел од јорганот.
јорганџија | м.
Тој што изработува јоргани.
јорганџилница | ж.
Работилница во која се изработуваат јоргани.
јоргован | м.
Вид грмушесто растение со гроздести, виолетови, розови или бели мирисливи цветови; Syringa vulgaris.
јоргованов | прид.
Што е од јоргован. Јоргованови грмушки.
Јордан | ж.
Држава и река во Азија.
јота | ж.
Назив на грчката буква I, i.
јотација | ж.
Фонетско-фонолошки асимилативен процес при кој непалаталните консонанти во допир со сонантот /ј/ преминуваат во палатални;
јотира се | св. и несв.