јотува се | несв.
Преминува од непалателен во палатален консонант под дејство на сонантот /ј/; се.
Јоханесбург | м.
Град во Јужноафриканска Република.
Јуанде | ср.
Главен град на Камерун.
јубилар | м.
Тој што слави јубилеј; славеник.
јубиларен | прид.
јубилеен | прид.
Што се однесува на јубилеј. Јубилејна средба. Јубилејно издание.
јубилеј | м.
Прослава на годишнина од постоењето на некоја установа, од раѓањето, смртта или дејствувањето на некоја личност или од некој друг настан, обично на заокружен број години (дваесет, педесет, сто итн.). Тоа е значаен јубилеј.
јува | ж.
јувелир | м.
Тој што изработува накит од злато, од сребро и од скапоцени или полускапоцени камчиња; златар.
југ | м.
Една од страните на светот; север. Прозорците од мојата соба гледаат на југ.