југа | несв.
За птица - испушта глас.
југавица | ж.
Вид инсект што најавува топли ветрови; Padura aquatica. Југавиците веќе не се јавуваа откај реката.
југо | м.
Јужен, топол ветер. Од морето дуваше силен југо.
југовина | ж.
Јужен, топол ветер. Меѓу столетните буки шумеше југовината.
југовица | ж.
Вид клукајдрвец; Picus viridis.
југозапад | м.
Страна на светот меѓу југ и запад.
југозападен | прид.
Што се наоѓа на југозапад, што доаѓа од југозапад. Југозападна Македонија. Слабо ветре дуваше од југозападната страна. Југозападни дијалекти.
југоисток | м.
Страна на светот меѓу југ и исток.
југоисточен | прид.
Што се наоѓа на југоисток, што доаѓа од југоисток. Југоисточна Европа. Југоисточни говори.
Југославија | ж.
Некогашна држава во Европа.