јуда | ж.
самовила.
јудаизам | м.
Сеопштиот начин на живот, поглед на светот, верата, традиционалните верски и национални чувства на Евреите.
Јудеја | ж.
Област во Израел.
јудински | прид.
Што се однесува на јуда..
јудофопство | зам.
јужен | прид.
Што се наоѓа на југ, што доаѓа од југ. Големи бранови ги заплиснуваа бреговите на јужните мориња. Јужен ветер. Јужна хемисфера.
Јужен Повратник | м.
Еден од петте главни напоредници на Земјината топка.
Јужен Поларен Круг | м.
Еден од петте главни напоредници на Земјината топка.
Јужен Судан | м.
Држава во Африка.
јужи | несв.
За време ‒ се затоплува, кога дува јужен ветер.