Јужна Америка | ж.
Континент.
Јужна Кореја | ж.
Држава на Корејскиот Полуостров, Азија.
Јужноафриканска Република | ж.
Држава во Африка.
Јужно Кинеско Море | ср.
Море во Азија, меѓу Индокина и Филипините.
јужнословенски | прид.
Што се однесува на Јужните Словени. Јужнословенски јазици. Јужнословенски народи.
јужовен | прид.
За време ‒ топол, пријатен;
јузбашиев | прид.
Што се однесува на јузбашија, што му припаѓа на јузбашија.
јузбашија | м.
Капетан во османлиската војска. Тие го известија јузбашијата. Јузбашијата им се закануваше.
Јукатан | м.
Полуостров во Мексико.
Јукон | м.
Река во Алјаска (САД) и провинција во Канада.