јули | м.
Седмиот месец од календарската година; златец.
јунак | м.
Тој што е храбар, смел. Бестрашен јунак. Јунаците загинаа за својот народ.
јунаков | прид.
Што му припаѓа на јунак. Јунакова свршеница. Јунакова мајка.
јуначен | прид.
Што има особини на јунак, храбар, смел.
јуначи се | несв.
Се прави јунак. Тој многу се јуначи и се перчи.
јунаштво | ср.
Особина на тој што е јунак. Неговото јунаштво и неговата жртва ќе останат запаметени.
јунаштина | ж.
јунец | м.
Младо машко говедо, млад бик.
јунешко | ср.
Месо од јунец. За ручек готвеше јунешко.
јуни | м.
Шестиот месец од календарската година; жетвар.