јурне | св.
Почне да јури. Учениците јурнаа надвор. Козите јурнаа кон портата.
јуродив | прид.
Тој што е истовремено свет, со пророчка моќ и ментално ретардиран од раѓање. Таа ја доведе и својата јуродива сестра.
јурта | ж.
Преносно живеалиште во конусна форма кај некои номадски азиски народи, направено од дрвен скелет и покриено со филц или со кожа.
јурук | м.
Припадник на помошната јаничарска војска од времето на османлиската власт.
Јурук | м.
Припадник на турско овчарско племе во облста Јуруклак, Македонија.
Јуруклак | м.
Област во Македонија.
Јуруклуци | и.
јус | м.
Старословенски глас со носен изговор, носовка; голем јус, мал јус. Мешање на јусовите.
јута | ж.
(бот.) Тропско растение од фамилијата липи од кое се добиваат влакна што се употребуваат за изработка на постилки, вреќи, јажиња и др.; Corchorus olitorius.
Јута | ж.
Сојузна држава на САД.