јуниор | м.
Помлад член на спортски клуб. Заврши првенството во ракомет за јуниори.
јуница | ж.
Младо женско говедо што сè уште не се отелило.
јункер | м.
Питомец во јункерско училиште (воена академија). Гоце Делчев тогаш бил јункер во софиското воено училиште.
јури | несв.
Многу брзо се движи, трча, бега. Возот јуреше во непознат правец.
јурија | ж.
јурисдикција | ж.
Судска надлежност, право на судот да решава определени прашања.
јурист | м.
Специјалист по право, правник.
јуриш | м.
Брз, силен напад на позициите на непријателот. Ги одбиваа јуришите на непријателот. Борците на јуриш го зазедоа селото.
јуриша | несв.
Оди во јуриш, напаѓа. Неколку пати јуришаа кон барикадите, но без успех.
јуришник | м.
Тој што е во првите редови на борбата (вооружена, политичка и др.)