јаглен | м.
Согорлива материја од растително потекло, во цврста состојба што се ископува од земјата; камен јаглен. Наоѓалиште на јаглен.
јагленар | м.
Тој што прави и / или што продава јаглен. Јагленарите работеа до доцна.
јагленарник | м.
Место каде што се ископува или се прави јаглен. Јагленарникот не е далеку од селото.
јагленен | прид.
јаглениса | св.
Стане јаглен; се јаглениса/се јагленоса. Гредите јагленисале. Дрвото одамна јагленисало.
јагленов | прид.
Што е од јаглен. Јагленов прав. Избиваше јагленова пареа.
јагленокоп | м.
Место каде што се ископува јаглен; наоѓалиште на јаглен. Тој се симнуваше во јагленокопите.
јагленород | м.
јаглерод | м.
Хемиски елемент, во гасовита состојба, важен составен дел на сите органски материи; знак С.
јаглероден | прид.
Што содржи јаглерод, што се однесува на јаглерод. Јаглеродна киселина. Јаглеродни соединенија.