јаглехидрат | м.

Органски соединенија што содржат јаглерод, кислород и водород; шеќери. Јаглехидратите се извор на енергија за организмот.

јаглика | ж.

Рано пролетно цвеќе со жолти и поретко розови цветови; Primula officinalis.

јаглица | ж.

Марама околу појасот за бришење раце.

јагма | ж.

Заедничка нива или ливада, сечие земјиште што го обработува тој што прв ќе дојде до него.

јагми | несв.

Брза, трча, настојува. Има луѓе што јагмат по славата.

јагне | ср.

(зоол.) Младо од овца. На ливадата трчкаа јагниња.

јагнешки | прид.

Што потекнува од јагне. Јагнешка кожа. Јагнешка капа.

јагнешко | ср.

Месо од јагне. Таа готвеше манџа со јагнешко.

јагни | несв.

За овца ‒ раѓа јагне. Некои овци јагнат понекогаш по две јагниња.

јагнило | ср.

Период кога се јагнат овците. За време на јагнилото се ангажираат повеќе работници.