џенк | м.
Борба, битка.
Џенова | ж.
Пристаништен град во Италија.
џентлмен | м.
Тој што се одликува со убаво однесување, отмен човек. Секогаш беше џентлмен, тоа не може да се одрече.
џентлменство | ср.
Однесување на џентлмен.
џепане | ср.
Муниција. Товареа полни сандаци со гранати и фишеци, со пушки и друго џепане.
џепарлак | м.
Пари наменети за ситни потреби. Џепарлакот го троши за слатки и кафе.
џепче | ср.
џепчија | м.
Тој што краде од џебови, што врши ситни кражби, крадец на ситно. Внимавај на паричникот, може да има џепчии.
џереме | ср.
џеза.
џефа | ж.