џибра | ж.

Комина, комиње. Џибрата ја извади, остана само виното.

Џибути | ср.

Држава во Африка.

џивка | несв.

За врапче – испушта глас џив-џив, цвркоти. Врапчињата џивкаа.

џив-џив | изв.

Извик за имитирање глас на врапче.

џигер | м.

Бел или црн дроб.

џида | ж.

Тенко и долго копје.

џилит | м.

Копје без шилец кое коњаниците во игра го фрлаат еден на друг.