џелатов | прид.
Што му припаѓа на џелат.
џелатство | ср.
Џелатска работа.
џелеп | м.
Трговец кој купува, гои и препродава добиток
џем | м.
Вид пекмез, мармалад. Џем од сливи.
џембос | м.
Во изразот џембос да (нека) фати! – нека оди по ѓаволите.
џембоса | св.
Изгуби, отиде по ѓаволите. Се уплашил од оружјето, па негде го џембосал.
џемпер | м.
Плетена волнена или памучна блуза со долги ракави, со или без копчиња. Го облече шарениот џемпер врз кошулата. Не ги оставија ни палто, ни џемпер да наметнат, така по кошули ги поведоа.
џенабет | м.
Несреќен, проколнат човек, несреќник, проклетник.
џенарика | ж.
џенем | м.
(само едн.) Пекол.