џимберица | ж.

Ластовица. Ластоице - џимберице.

џимиринка | ж.

Месниот дел што останува при топење на сланина.

џимрив | прид.

Што многу пребира во јадењето; џимрија. Џимриво дете.

џимрија | прид.

Што многу пребира во јадењето.

џин 1 | м.

Митолошко суштество со човечки лик, со огромен раст и голема сила.

џин 2 | м.

(само едн.) Вид безбоен алкохолен пијалак; вид ракија.

џинка | ж.

Вид кокошка со мал раст.

џиновски | прид.

Што е многу голем, огромен. Џиновска сила. Џиновски стебла.

џинороз | м.

Вид петел со мал раст.

џинс 1 | м.

Род, потекло, сој. Им го знаеше џинсот, сојот, подобро и од што си го знаеја сами.