џинс 2 | м.

Тексас платно.

џип | м.

Вид теренско возило, автомобил за движење по тешки терени.

џитка | несв.

Фрла силно со замавнување. Можеби џиткаат чифтиња.

џитне | св.

Фрли силно со замавнување. Го зграби и го џитна накај вратата. Вешто ги џитна зарчињата.

џиу-џицу | ср.

Вид јапонски начин на борење и одбранбена вештина без оружје.

џихад | м.

Верска војна на муслиманите за одбрана и ширење на исламот.

џиш | прид.

За боја – што е многу интензивна, јака. Имаше џиш кармин на усните.

џишне | св.

а) Изгори, подгори. Си ги џишна прстите на шпоретот. б) Запече. Сонце го џишна во очите. Нешто ја џишна во градите.

џиљве | ср.

Кокетирање, гиздење

џиљвелија | прид.

Кокетен