џиџан | прид.
Во детскиот јазик – убав, дотеран.
џиџе | ср.
Нешто убаво, убави ситни предмети, убава играчка и сл.
џиџимиџарница | ж.
Продавница за дреболии.
џиџи-миџи | и.
Ситни предмети, дреболии, евтин накит и сл. Минуваа крај тезгињата со џиџи-миџи.
џогинг | м.
Рекреативно трчање со умерена брзина заради одржување на физичката форма. Секој ден оди на џогинг.
џогира | несв.
Се занимава со џогинг, применува џогинг.
џока | ж.
Дел од народната носија; горна облека од црно сукно, без ракави, долга до под колена, во горниот дел припиена до телото, а надолу ѕвонесто проширена.
џока | несв.
Пие, лока.
џокер | м.
Карта од шпилот за играње, со слика на шут, која во некои игри со карти може да ја замени секоја друга карта.
џокеј | м.
Професионален јавач на коњи кој учествува на коњички трки.