џвака | несв.

Ситни, дроби со заби и размекнува храна и др. Го извади парчето леб и почна да џвака. Џвака тутун. Џвака мастика.

џвакачки | прид.

Што служи за џвакање. Џвакачки мускули.

џвало | ср.

Уста на ѕвер.

џврка | несв.

Тече, истекува, се разлева силно, во големо количесто; блика. На многу места под нозете им џвркаше вода.

џвркало | ср.

Детска играчка што џврка, што прска вода.

џвркло | м.

Серко.

џвркне | св.

Шурне, исфрли силно вода или некаква течност, обично во млазови; бликне. Одеднаш му џвркна крв.

џган | м.

Најнискиот слој од општеството; луѓе со најлоши особини. Разузданиот џган слезе од маалата и се разлеа по чаршијата.

џграпа | несв.

Гази несмасно, гребе со обувките по површината.