џгромоти | несв.

Испушта метален звук. Џгромотат резиња со писок. Џгромоти по цели ноќи од коњски поткови камениот плочник.

џгрта | несв.

Перцето сè уште болно џгрташе влечејќи се по ребрата на вратата.

џгура | несв.

Оди не гледајќи каде и како. Џгура по темницата.

џеб | м.

Мало платнено ќесе зашиено над или во облеката за носење ситни предмети. Го извади паричникот од внатрешниот џеб на палтото.

џебен | прид.

Што се однесува на џеб; што се носи, што може да се носи в џеб. Џебен часовник. Џебна светилка. Џебно ноже. Џебно шамивче.

џева | ж.

Викотница. Не прави џева. Крева џева.

џеваир | м.

Бесценет камен; накит со бесценети камења.

џевап | м.

Одговор. Даде џевап.

џевердан | м.

Вид пушка украсена со седеф и скапоцени камења.