џез | м.
Музички стил создаден под влијание на црнечката музика во почетокот на 20-тиот век на југот од САД, во голема мера заснован на импровизација, со особено истакнување на ритамот.
џеза | ж.
Глоба, парична казна. Нема џеза за плаќање.
џезве | ср.
џезер | м.
Џезист.
џезист | м.
Изведувач на џез-музика, член на џез- оркестар.
џез-музика | ж.
џезов | прид.
Што се однесува на џез. Џезов оркестар.
џез-оркестар | м.
џекпот | м.
Во некои игри, особено кај апарати за коцкање, комбинација која овозможува добивање премија.
џелат | м.
(истор.) Извршител на смртни казни.