Резултати за пребарувањето: ар
жари | несв.
Гори, пече, доведува нешто во состојба на жар. Ковачот ја жареше косата за да ја клепа.
арам | и.
(само едн.) м. Проклетство.
арго | ср.
Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите.
атар | м.
Подрачје што припаѓа на некое село или општина. Селски атар.
итар | прид.
Што е паметен, интелигентен, умен. Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш.
вари 2 | несв.
Загрева железо, метални делови за да ги спои.
дара | ж.
Разлика во тежина меѓу стоката и амбалажата во која се наоѓа.
арчи | несв.
Троши пари. Сите пари ги арчеше за храна. Таа многу арчеше за фустани.
бари | несв.
Вари малку, до извесен степен. Баба ми бари пиперки секоја година.
вари 1 | несв.
Готви храна во вода со загревање до степен на вриење. Вари компири. Вари качамак.