Резултати за пребарувањето: ар
Асмара | ж.
Главен град на Еритреја.
заради | предл.
Цел, намера. Засилена е активноста на пазарната инспекција заради сузбивање на шверцот со цигари. Ќе направиме куса пауза заради усогласување на ставовите.
варвар | м.
Кај старите Грци и Римјани ‒ име за народите и племињата што не биле од нивната етничка и културна заедница. Во овој дел на цивилизацијата народите се делеа на византијци и варвари.
жаргон | м.
Говор на луѓе од иста професија, сталеж или социјална група кој содржи посебно карактеристични зборови, изрази и условни, изместени значења на зборови надвор од општоусвоената терминологија и од нормите на стандардниот јазик.
оџачар | м.
Тој што чисти, што одржува оџаци. Оџачарот се качи на покривот за да го исчисти оџакот.
рибари | несв.
Се занимава со ловење риба. Тој рибареше на Охридското Езеро. Домородците ја обработувале земјата, ловеле и рибареле.
етичар | м.
Лице што се занимава со етика, што живее во согласност со етичките норми и правила.
демарш | м.
Дипломатска постапка или дипломатско дејство во странска држава заради некој протест или барање.
јарост | ж.
Состојба на тој што е јаростен, лутина, бес, гнев. На неговото лице се читаше јарост.
клисар | м.
Црковен служител. Клисарот ја удри големата камбана.