Резултати за пребарувањето: ар

запари 2 | св.

Почне да пржи, да пече (во грло, во уста). Ракијата ме запари во грлото.

искара | св.

Скара некого со забележливо позасилена лутина. Дедото ги искара внуците.

партер | м.

Простор за публиката на приземјето на сала, кино, театар и сл.

завари 1 | св.

Затече, најде, сретне. Таму завари само една баба. Еден ден го заварив пред вратата. Меќавата го заварила во шумата.

завари 3 | св.

Спои делови од метал со силно загревање. Ги завари деловите на оградата.

Дарфур | м.

Регион во Северна Африка, отцепен од Судан.

парнар | и.

Вид црно грозје.

парник | м.

Тој што е во пар со некого. Во стројот отсуствуваше парникот на последниот ред.

дарува | св. и несв.

Даде, дава некому нешто на дар, подари, подарува. Ги дарува месариите. Детето го даруваа за донесената вест.