Резултати за пребарувањето: ар
партал | м.
Износено, искинато алиште или парче ткаенина; крпа, алтица, латица. Купче партали. Питач облечен во партали.
парола | ж.
Збор или реченица со пропагандна содржина.
запара | св.
Почне да пара; пара. Мајката го запара стариот џемпер.
напари | св.
Стави нешто на пареа да се стопли, да прими влага. Го напари лебот да омекне.
карбид | м.
Хемиско соединение на метал и други елементи со јаглерод.
запари 2 | св.
Почне да пржи, да пече (во грло, во уста). Ракијата ме запари во грлото.
ластар | м.
Млада гранка на винова лоза. Лозата пушташе нови ластари.
парнар | и.
Вид црно грозје.
дармар | м.
Неред, безредие, метеж. Се разлути и направи дармар.
артист | м.
Уметник; актер. Артистот излезе на сцената.