Резултати за пребарувањето: а

лаг | м.

Мала шумичка. Срната избега во лагот.

јад | м.

Грижа, мака, душевна тежина. Душа јагленосана од јад. Ја притиснале маки и јадови.

дал | чест.

Скратена форма од дали, се употребува најчесто во поезијата и во разговорниот јазик, Дал да се смеам или да плачам, ништо ти не ми кажуваш.

јан | м.

Миндерлак. Седеа во собата со јан на двата ѕида.

кал | м.

Мека, раскашавена земја. Калта како тесто се лепи за чевлите, натежнува. Нозете и беа покриени со засушена кал. Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.

кат 1 | м.

Место каде што се составуваат два ѕида во некаква просторија; агол 2. Тој се сврте и дури сега забележа оти во најтемниот кат седеше една баба. Во еден мрачен кат светеше сјаен автопортрет.

ѓак | м.

Тој што се подготвува да се замонаши во манастир. Тој е манастирски ѓак.

два | бр.

Основен број поголем за една единица од еден; се бележи со бројката „2“.

лак 1 | м.

(мат.) Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки. На небото се појави шарениот лак на виножитото. Лакот на арката е премногу ниско поставен.

лак 2 | м.

Течна, густа материја во различни бои, добиена од природна или вештачка смола, што се мачка на предметите во тенок слој, им дава сјај и ги заштитува. Лак за дрво.