Резултати за пребарувањето: а

кума | ж.

Сопруга на кумот.

копа | ж.

Куп сено или слама напластен во облик на конус; стог. Имаше доволно копи сено за цела зима.

азна | ср.

Благајна, ризница. Целата царска азна да ја испразниш.

кома 2 | и.

Запирка, обично во децимални броеви. Еден кома пет килограми.

пика

Зборот е поврзан со:

копа | несв.

Обработува земја со мотика, копач и сл. Копа во градината. Копа лозје.

коза | ж.

Домашно животно со рогови, преживар со долго остро влакно и брада; се одгледува заради млекото, волната и месото. Козарите имаа определени места каде ги собираа изутрина козите за да ги носат на пасење.

атак | ж.

Вооружен напад. Атаките врз селото не престануваа.

јато | ср.

(зоол.) Група птици или риби од ист вид што живеат или се движат заедно. Јато бели лебеди. Јато гулаби. Рибите се движат во јата.

јачи | несв.

Лелека, офка, испушта гласови како израз на болка. Тој стенкаше и јачеше сè повеќе. Ранетите јачеа и бладаа во сонот.