Резултати за пребарувањето: а

качи 1 | несв.

Закачува, беси нешто. На балконот качиме везени пиперки да се сушат. Го качи палтото на закачалката.2. Забодува клин, колец и сл.

каца | ж.

Голем, валчест, дрвен сад, стегнат со обрачи, на дното проширен, а на горната страна отворен. Каца со сирење. Каца со расол. Каца со маст. Каца со туршија.

опна | ж.

(биол.) Тенка кожичка со која е обвиено ткивото, некој орган; заштитна обвивка на клетка; ципа. Тогаш опната на јајцето пука и излегува ларвата.

Етна | ж.

Вулканска планина во Италија.

каде | прил.

Како прашален збор: а) На кое место. Каде ми се клучевите? б) Во кој правец, во која насока. Каде ќе одиш сега?

вчас | прил.

Веднаш, за миг, на часот. Од зад стеблата вчас дотрчаа уште неколкумина. Срцето вчасот му се исцелило. Срипа и вчасум се најде кај портата

нема 1 | несв.

Не суштествува, не посои, не се наоѓа воопшто. На островот нема луѓе. Во селото нема училиште. Таков лек нема. Нема причина за страв.

маче | ср.

маца | несв.

дем. од мака.

јато | ср.

(зоол.) Група птици или риби од ист вид што живеат или се движат заедно. Јато бели лебеди. Јато гулаби. Рибите се движат во јата.