Резултати за пребарувањето: а

кофа | ж.

Метален или пластичен сад, обично без капак, со полукружна рачка, што служи за пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар и др. Околу бунарот немаше никаква кофа.

како | сврз.

штом; кога. Во зависносложени временски реченици. Како ја виде, како ја дочу, така рипна од местото.

хала | ж.

Голема, пространа просторија. Фабричка хала. Саемска хала.

храм | м.

Објект, градба каде што се врши богослужба; црква. Православен храм. Соборен храм.

каки | прид.

Што е со боја на земја или прашина, жолтокафеав.

диња | ж.

Едногодишно растение и неговиот плод, месест и сочен со сладок вкус; Cucumis melo. Жолта диња. Мирис на диња. Диња и лубеница.

раса 1 | ж.

Историски создаден тип луѓе со заеднички телесни и духовни својства, морфолошки, географски и др. особини, со заеднички наследни физички карактеристики што се појавиле со текот на еволуцијата со приспособувањето кон определени средини и што ги издвојуваат од другите (боја на кожата, очи, коса, структура на телото и сл.). Бела раса. Црна раса. Жолта раса. На средбата присуствуваа припадници од сите раси. Формата на косата варира според расата на човекот, а исто така и бојата на очите. Припадници на белата раса.

фука | несв.

фукне.

фрча | ж.

Четка. Фрча за чевли.