Резултати за пребарувањето: а

наиде | св.

Дојде во пресрет, намине, се појави. Кога мислев да тргнам, наиде еден пријател и ме задржа малку. Наиде еден странец и прашуваше нешто. Човекот што наиде не го познавам.

фрска | несв.

Удира со прачка, камшик и сл. испуштајќи звук. Замина фрскајќи со камшикот по коњот. Леските ја фрскаа по образите.

фуста | ж.

Здолниште, долен дел од фустан.

франк | м.

Основна парична единица во Белгија, Швајцарија и во некои африкански земји

фркат | прид.

Што може да лета. Фркато пиле.

фраза | ж.

а) Зборовен состав, израз што искажува завршена мисла; реченица. Во разговорот дамите користеа и цели француски фрази. б) Затврден израз, затврдена конструкција.

наѕре | св.

Ѕирне, погледне низ некоја теснина и сл. Вратата се подотвори, и таа наѕре во собата.

Габон | м.

Држава во Африка.

фраер | м.

Момче кое со своето ноншалантно однесување, начин на облекување и сл. е популарно во друштвото. Главен фраер е во маало. Сега сум како фраер, ми недостигаат уште фармерки и презрив поглед.